Зошто gPay?

Лесна интеграција и управување

Интуитивно корисничко искуство и лесно администрирање на продуктите, процесот на наплата и повлекување на средства

Безбедност и заштита

Трансакциите кои ги процесира gPay се безбедни, заштитени и енкриптирани според најновите стандарди во сајбер безбедноста

Стабилност и скалабилност

Адаптиран на брз раст на вашиот бизнис истовремено во корисници, продукти и трансакции

Нов канал за експанзија

Акцелерација и зголемување на продажбата поради едноставната наплата на вашите производи и услуги

Без банкарски процедури

gPay го елиминира контактот со банкарските процедури и административни коренсподенции

Дигитална надградба

Дигитализација на процесот на наплата и користење на предностите од најновата финтек ера

Закажи бесплатна консултација

Често поставувани прашања

Не, ние не сме банка. Ние сме платежен фасилитатор кој ги симплифицира електронските наплати кои ги прават бизнисите на интернет.

Процесот на регистрација е едноставен и брз. Закажете бесплатна консултација со нашиот тим и ќе ви гo објасниме сите потребни процеси за пристап на платформата.

Секогаш! Безбедноста на вашите финансии, трансакции и лични податоци се најважната вредност на оваа платформа и истите ги заштитуваме, енкриптираме и процесираме низ најновите безбедности протоколи на онлајн податоците. Повеќе за политиката за приватност и условите за користење прочитајте тука.

По успешната регистрација на gPay, добивате пристап до ваш панел каде ги поставувате информациите за продуктите кои сакате да ги продадете и наплатите на интернет. За секој продукт се генерира експрес копче чие споделување на трети интернет страни ја овозможува електронската наплата од страна на вашите купувачи. По успешната продажба, средствата се приливаат во gPay паричник од каде што може да ги префрлите на вашата трансакциска сметка. Повеќе за условите и начинот на користење прочитајте тука. [ќе се линкува]

Eкспрес копче е назив на линкот за секој ваш и посебен производ или услуга. Експрес копчето го промовирате и споделувате на трети интернет страни каде што при кликнување од страна на потенцијалниот купувач се отвара екран за наплата со основните информации за продуктот. Купувачот ги пополнува податоците и со тоа последниот чекор од наплатата е завршен.

Средствата кои ги генерирате од продадените продукти се трансферираат како прилив во вашиот gPay паричник. Кога ќе посакате да ги трансферирате до вашата трансакциска сметка (која ја внесувате како податок во вашиот налог) испраќате барање до gPay администраторот за износот кој сакате да го повлечете и потоа трансферот се реализира.

Во случаите кога трансакцијата не е успешно извршена се испраќа известување до купувачот за причината поради која трансакцијата не е спроведена. Средствата не се задржуваат од страна на gPay и купувачот е должен да го повтори процесот на наплата додека таа не е успешно реализирана.

Да, може и физички лица да процесираат наплата преку gPay, со тоа што gPay не го исплаќа персоналниот данок на физичките лица и тие се должни да ги пријават приливите во надлежните институции и да ги платат даноците согласно важечките закони во Р.С.Македонија.

Kонтактирај не